Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ СЕ ПРЕМИСЛИ: Без консензус од СДСМ нема да гласаат за измените на ЗКП

ДУИ СЕ ПРЕМИСЛИ: Без консензус од СДСМ нема да гласаат за измените на ЗКП

Пред три дена пратениците од власта побараа измени во Законот за кривична постапка .

Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Муса Ибраими од ДУИ побараа продолжување на рокот во кои одбраната има право да поднесе докази од 15 на 90 дена.

Втората измена предвидува обвинителството да има обврска пред да поднесе обвинение, да го извести обвинетиот за истражната постапка и собраните докази.

Се предвидува измените да важат и за постапките започнати пред влегувањето во сила на овој закон.

Подносителите објаснуваат дека целта е да се создадат претпоставки за ефикасно остварување на правата на одбраната на осомничените во кривичната постапка.

Сепак од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ , партијата на ДУИ поточно пратениците сега се пишманат.

Од ДУИ велат дека за измените ќе гласаат но само ако гласаат и пратениците од опозициските партии.

Со овој став на партијата на Али Ахмети е тешко дека предлозите ќе поминат во Собрание, ако се знае дека претходно опозицијата се изјасни „против“.

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за измена на Законот за кривична постапка е обид за дезавуирање на постапувањето на Специјалното јавно обвинителство и одложување на неговото постапување“, изјавија од опозицијата.

Од СДСМ ова го толкуваат како уште еден напад врз Специјалното јавно обвинителство, а измените на Законот за кривична постапка според нив се со цел да се одложат постапките на СЈО.

За да се изгласаат овие законски измени потребни се сепак 82 гласа од пратениците.

Слично

Поврзани вести