Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ се откажува од Пошта за да ја добие УЈП?

ДУИ се откажува од Пошта за да ја добие УЈП?
Демократската унија за интеграција нема да раководи со Македонски пошти во новиот мандат, а раководната позиција во ова претпријатие ќе ја преземе кадар на ВМРО-ДПМНЕ, тврди порталот Шќипмедиа. Но, за сметка на ова, партијата на Ахмети се очекува да го добие директорското место во Управата за јавни приходи, тврди порталот, повикувајќи се на извори од ДУИ вклучени во преговорите. Според информациите на порталот, нов министер за образование и наука исто така ќе биде кадар на ДУИ, додека Абдулаќим Адеми ќе се врати на позицијата вицепремиер задолжен за имплементација на Рамковниот договор. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во саботата објавија дека постигнале согласност заеднички да ја формираат новата Влада, но истакнаа дека поделбата на ресорите меѓу двете партии допрва претстои.
Слично

Поврзани вести