Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ СЕ ИЗЈАСНИ: Причина за излез од Владата се објавените прислушувани материјали

ДУИ СЕ ИЗЈАСНИ: Причина за излез од Владата се објавените прислушувани материјали

И формално пратениците на ДУИ ги депонираа оставките во Собранието.

Од партијата на Али Ахмети преку соопштението велат дека причината за повлекување на министрите од Владата се објавените снимки од прислушувани разговори кои беа објавени во јавноста.

Во соопштението тие велат дека во наредните неколку денови ќе донесат одлука што понатаму со нивните политики и дека во иднина се во рацете на лидерот Али Ахмети.

„На вчерашната седница на Претседателството на Демократската унија за интеграција се донесе едногласна одлука сите министри и заменици-министри на ДУИ во Владата на Република Македонија, да поднесат неотповикливи оставки денес и дека сите овластувања за донесување понатамошни одлуки, како и за преиспитување на нашите политики во следните неколку дена, во иднина се во рацете на лидерот Али Ахмети.

Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ одигра конструктивна улога во насока на постигнување решение и даде клучен придонес за постигнување договор во Скопје, со цел да се врати стабилноста и безбедноста во земјата.

ДУИ исто така работеше со голема посветеност во спроведувањето на структурните реформи што произлегуваат од Договорот, при што меѓу другото, се основа и институцијата на специјалниот обвинител со јасно дефиниран мандат за гонење на делата кои произлегуваат од прислушкуваните материјали и се инсталира широка Влада за имплементација на вонредни избори во земјата“, се вели во соопштението.

Меѓу другото додаваат:

„ДУИ има инвестирано и дадено значителен придонес во овој процес, често и речиси секогаш на сопствена штета, но постојано за доброто на државата и општеството, затоа што веруваше со посветеност во процесот на реформирање на менталитетот и на институциите.

Но, со жалење констатираме дека овој процес веќе е компромитиран, како последица на масовното нелегално прислушкувањето, како и поради нивната понатамошна дистрибуција во рацете на криминалци со цел да се злоупотребат во разни „Фабрики за афери“.

Процесот беше компромитиран како резултат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби за да се спречи девалвацијата на сите наши напори за да се воспостави заеднички систем за контрола и институционално истражување на содржината на прислушкувањата и ноесењето на одговорноста за злоупотреби.

Овој наш чекор е продолжение на нашите енергични напори за демократија и еден реформиран општествен и политички систем, со што изразуваме и револт за прислушкувањето, продажбата и дистрибуцијата на аудио материјалите кои се произведуваат и монтираат дополнително со тенденција да ги оштетат и уриваат напорите за системски реформи.

Од почетокот на откривањето на незаконските прислушкувања од страна на македонската опозиција Демократската унија за интеграција побара да се објавуваат сите автентични нелегални разговори што имаат врска со криминалот и злоупотреба на функцијата, но во невожмосност да се најдат такви материјали кои индицираат на корупција и криминал од страна на членовите на ДУИ, центрите кои се борат против ДУИ од 2002 година, произведуваат монтирани прислушкувани разговори кои апсолутно се неприфатливи и претставуваат низок и нечовечки метод на политички и лични напади.

Од основањето на ДУИ и немоќта да ја ослабат абсолутната поддршка на граѓаните Албанци за Али Ахмети и ДУИ, одредени кругови производуваат последователни афери и фалсификати, вклучувајќи фабрикувани досиеа, непостоечки коруптивни афери и монтирани разговори како последно средство за да ја срушат непоколебливата доверба на Албанците кон Али Ахмети и ДУИ и за да ослабне албанскиот политички фактор во Македонија.

ДУИ ги оценува овие објавувања како целосно невистинити, монтирани и затоа ги повикува граѓаните да не станат жртви на криминалци и традиционално антиалбански центри кои уценуваат луѓе на јавниот живот, бизнисмени, политичари и други со создадени монтажи од разни Фабрики на Афери и кои преку овие бескрупулозни злосторства се обидуваат да го уништат процесот на демократизација од кој имаат корист сите граѓани“.

ДУИ бара од локалните институции, особено Министерството за Внатрешни Работи и Јавното Обвинителство да преземат итни мерки за да ги уапси фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите на монтираните материјали, а во исто време, како последица на институционалната слабост и политичките манипулации, ДУИ веќе не превзема никаква одговорност за излагањето на ситуацијата од институционална контрола и можноста за индивидуално спроведување на судот и правдата.

Воедно тие го повикаа и СЈО да се вклучи во истрагата на овој сериозен криминал, кој има за цел да ги загрози јавните личности и да влијае на работата на оваа институција, која има законска одговорност за прислушуваните разговори, кои веќе се пласираат и се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот.

„ДУИ не е причината за кризата, но бевме и сме гласот на разумот како и промотори на решението, а сега веќе и жртва на девалвацијата и компромитираниот процес. И затоа одлучивме да ги повлечеме своите актуелни членови на извршната власт и нема да толерираме дегенерирање на процесот, оттуѓување на одлуката и волјата на граѓаните, инсталација на полтронисти на подземјето, но исто така ги повикува граѓаните да не подлегнат на било каков монтиран материјал, криминал, клевета или напори направени со цел да му наштетат на реформскиот процес преку провокација на ирационална реакција од страна на ДУИ.

Демократската унија за интеграција вчера демонстрира апсолутно единство во своите редови и максимална мобилизација за да се бори против злото што им се готви на Албанците од центри кои не им го сакаат доброто на Албанците, ниту на државата, ниту на регионот“, објаснуваат од ДУИ

Слично

Поврзани вести