Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ се изјасни, ќе учествуваат на изборите на 5 јуни

ДУИ се изјасни, ќе учествуваат на изборите на 5 јуни
ДУИ ќе учествува на изборите на 5 јуни, потврди претседателот, Али Ахмети во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М. Тој го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го преиначи ставот и да гледа, како што рече, да остане во процесот за доброто на земјата и на неговата партија. „Тие не треба да се самоисклучат, туку треба да бидат дел од процесот бидејќи нема да има корист ниту СДСМ ниту нивните гласачи“ -вели Ахмети. Тој е сигурен дека во  периодот што следи  ќе има контакти со олеснувачи и помагачи на договорот од Пржино. Смета дека треба да се почитува овој договор и самото почитување на договорот ќе значи дека сите партии треба да се дел од процесот на одржување на изборите на 5 јуни.
Слично

Поврзани вести