ДУИ се фали за сработеното-ДПА вели дека им се броени деновите на власт
Нашата цел е потполна рамноправност за албанците кои живеат на својата земја Македонија ,зашто само така може нормално да функционира една демократска држава“, ова го изјави Али Ахмети за време на презентирањето на отчетот на ДУИ за сработеното во изминативе три години.
Стратегијата на интегративците - партискиот лидер Ахмети ја спореди со летот на орелот, кој што како што рече, „никогаш не ја губел целта“.
Од ДПА пак побараа Али Ахмети и ДУИ да им се извинат на Албанците и прашаа зошто Ахмети не им одговори на Здружение на Албанците во Швајцарија „Сали Чеку", која со документи, потврди дека бил соработник на УДБА.
-Али Амети, не можеш да бегаш од прашањата, зашто Албанците сакаат одговори и тоа веднаш. Ние знаеме дека ти ќе одговараш по изборите. Алија и неговиот клан од ДУИ да им се извининат на Албанците за понижувањето што им го нанесоа, за рекетот, за продажбата на националните интереси, за осиромашувањето на Албанците, за немањето перспектива на Албанците. Плачете, но времето поминува, имате уште 34 дена, кога ДПА ќе победи и ќе му стави крај на теророт од Ахмети и неговиот клан, реагира ДПА преку соопштение, во кое се нагласува дека одговори бара и Здружението на Албанци од Швајцарија, кое, како што се вели во соопштението, потврди дека Ахмети бил соработник на УДБА.
Слично
