ДУИ сака уште еден албански универзитет во Скопје
Демократската унија за интеграција (ДУИ) сака во Скопје да биде отворен нов државен универзитет, во кој се предава на албански јазик, пишува весникот "Дневник".
Првиот албански универзитет e со седиште во Тетово.
Министерот за образование Абдулаќим Адеми потврди дека од партијата дошол таков предлог.
Според него засега ова е идеја само на ДУИ, бидејќи досега таква можност не била земена на седница на Владата.
За новиот албански универзитет од ДУИ сметаат дека соодветно место е касарната "Илинден" во Скопје, пишува "Дневник".
Слично
