Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ решението со опозицијата не го гледа во одземање на нивните мандати

ДУИ решението со опозицијата не го гледа во одземање на нивните мандати
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на денешното новогодишно обраќање во хотелот „Александар Палас“ пред членството на партијата, во пресрет на утрешната седнциа на која ќе се расправа за одземање на мандатите на опозициските пратеници на чело со СДСМ, уште еднаш ги повика опозиционерите да се вратат во парламентот, бидејќи тоа, пред се, е добро за државата. „ДУИ решението не го гледа во одземање на пратеничките мандати, зашто  враќањето на пратениците во Собранието на Македонија го отвора патот кон дијалогот, и продолжување на дебатите. Не еднаш кажав, дека за своите добри идеи за државата, тие имаат добар партнер во ДУИ и ќе ја имаат нашата поддршката“, истакна Ахмети. Челникот на ДУИ потсети дека партијата во изминатиот период пред својот коалиционен партнер го поставила прашањето на прифаќањето на принципот на консезуалност во решавањето на крупни политички работи во државава. Како што рече Ахмети нивната заложба останува и претседателот во иднина да биде избиран со консензус бидејќи консензуалниот принцип според него е добитна комбинација за земјава. „Ние мислиме дека принципот на консезуалност е добитна комбинација за нашата држава и нашите граѓани. Независно што филозофијата и целите на ДУИ не беа разбрани за ова прашање, ние продолжуваме со нашето залагање да биде прифатена консезуалноста меѓу двете најголеми етнички заедници. Го понудивме консезуалниот принцип и за изборот на државните симбоили. Албанската заедница не само што треба да биде опфатена во самите симболи, туку треба да биде и согласна при нивниот избор“. На прашање дали на земјава и е потреба трета албанска политичка партија Ахмети истакна дека Македонија во моментов нема потреба од трета албанска опција и тоа би било на штета на албанците бидејќи на тој начин нивните гласови би се расцепкале, а со тоа и нивното влијание во политичкиот живот во земјава. „Тука во Македонија, во нашата земја, нема потреба од повеќе од две албански партии. Организирањето на Албанците во само една партија е штетно, но е штетно и да се организира трета албанска партија, бидејќи се парчосува гласот на Албанците“, рече Ахмети. Лидерот на ДУИ во своето обраќање нагласи дека за Албанците во Македонија НАТО и ЕУ остануваат глави приоритети и дека за нив нема друга алтернатива.    
Слично

Поврзани вести