ДУИ реагира, СДСМ ги извадила снимките од контекст
После денешната прес конференција на опозициската СДСМ на која беа објавени нови аудио снимки во која се споменува поврзаноста и функционирањето на ДУИ со Владата, од ДУИ реагираа демантирајќи ги сите снимки.
Остро ги демантираме сите обвинувања искажани на денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за кои вели дека се само во неговите најави, но и во самите прислушувани разговори. „Пример, самиот факт што разговорот на претседателот на партијата со претседателот на чаирскиот огранок, а кој се однесува за продажба на партискиот имот во Скопје (за кои ќе презентираме докази) се претставува како криминал зборува за вистинската намера на прес конференцијата“, се наведува во реакцијата на ДУИ.
Тие велат дека остануваат на ставот да се објават сите прислушувани разговори за оваа партија, без притоа да се извртат со цел свесно погрешно интерпретирање и манипулирање со јавноста, истите да се процесираат низ институциите според желбите на опозицијата. „Доколку низ постапка се докаже вина, ДУИ нема да заштити никого, но исто така доколку се докаже дека обвинувањата се засновани на тенденциозно вадење од контекст на приватни разговори помеѓу функционери, истото да се објави“, се додава во реакцијата на ДУИ.
