Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ повлече девет министри, што со изборите на 5 јуни?

ДУИ повлече девет министри, што со изборите на 5 јуни?

Демократската унија за интеграција повлекува девет министри од Владата, согласно одлуката која беше донесена синоќа од  претседателството на партијата.

„Претседателството на Демократската унија за интеграција  одлучи да ги повлече сите сегашни претставници во извршната власт на Република Македонија„- стои во соопштението на ДУИ.

Партијата најавува дека ќе ја преиспита својата политика во наредните денови. Владата се состои од 26 министри заедно со премиерот, а според Уставот во ваков случај се предвидува целосна собраниска процедура за нова Влада, за што нема време затоа што на 7 април Собранието се самораспушта.

Од опозициските партии излегоа со изјави дека овој потег е обид да се бетонираат изборите закажани за 5 јуни. Партиите од опозицијата беа јасни во своите ставови дека сакаат фер избори на 5 јуни со прочистен гласачки спсиок.

Слично

Поврзани вести