Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ потврдилe, ќе гласаат за новите министри!

ДУИ потврдилe, ќе гласаат за новите министри!

Откако синоќа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски поднесоа оставки до премиерот Никола Груевски, премиерот достави предлози за нови министри до претседателот на Собранието.

Имено, наследник на Јанкуловска е Митко Чавков, актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, а на местото на Јанакиески, е предложен Владо Мисајловски.

За денес е закажана седница на Собранието во 13 часот.

Од ДУИ за Фокус потврдиле дека ќе гласаат за предлозите на премиерот Никола Груевски нов министер за внатрешни работи да биде Митко Чавков, а нов челник во транспорт и врски Владо Мисајловски.

Талат Џафери за овој медиум изјавил дека не се точни информациите оти некој од министрите на албанската владејачка партија ќе си поднесе оставка, како и дека партијата ќе излезе од владата, со што се отвора патот кон формирање на техничка или концентрациона влада и предвремени парламентарни избори.

-Денеска имаме седница на партиското централно претседателство и таму ќе расправаме за актуелната ситуација. Засега, нема ништо конкретно! – истакнува Џафери за Фокус.

Слично

Поврзани вести