ДУИ:Помилуваните да бараат Иванов да ја повлече одлуката донесена без нивна согласност
ДУИ ја поздравува денешната одлука на Собранието за измена на Законот за помилување, со што се овозможува решавање на проблемот кој беше предизвикан од одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов, со која беа помилувани 56 лица.
„ДУИ ги охрабрува сите 56 помилувани лица што е можно поскоро да упатат барања до Иванов за да се повлече одлуката која беше донесена без нивна согласност и да овозможат правдата да ја обелодени вистината“- стои во соопштението од партијата.
ДУИ бара Иванов да дејствува веднаш во согласност со неговите јавни изјави и да ја промени својата одлука за помилување.
Слично
