ДУИ одбележува 14 години постоење
Демократската унија за интеграција денеска одбележува 14 години постоење.
ДУИ има промовирано државотворни вредности и покрај разликите кои се присутни кај нашите сограѓани, кои се уште не го гледаат консензуалниот процес како неизбежен, но и користен за земјата, пишува во честитката од партијата до членството и граѓаните.
„Нашата 14- годишнина доаѓа во многу тешки околности и затоа ги повикувам сите членови и соработници да работат со голема посветеност кон остварување на нашите цели. 5-ти јуни 2002 година ќе остане засекогаш значаен датум за сите нас, денот кога сите заедно одлучивме да воспоставиме наследнички субјект и потомци на Ослободителната национална армија, Демократската унија за интеграција“ - вели лидерот, Али Ахмети.
Се вели дека се ангажираат за подигнување на квалитетот на образованието, отворање на универзитети, основни и средни училишта, унапредување на локалната власт, продолжуваат со промовирање на дијалогот, компромисот и разбирањето, градење на конструктивен дијалог со Брисел и Вашингтон.
