Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ нуди пет опции – предвремени избори е една од нив!

ДУИ нуди пет опции – предвремени избори е една од нив!
Партијата на Ахмети се уште не донела конечна одлука за предвремени парламентарни избори. Ова е само една од алтернативи кои ќе ги понуди ДУИ доколку со ВМРО-ДПМНЕ не се договорат за консензуален кандидат на претстојните претседателски избори, изјави партискиот портпарол Бујар Османи. „ДУИ во моментов не е за предвремени парламентарни избори, но ние сме подготвени за избори во секое време. Анализите покажуваат дека ДУИ ќе биде апсолутен победник во албанскиот дел доколку утре би излегле на избори. Сепак, тоа не е причината зошто ја ставивме можноста за предвремени извбори во една од варијантите, туку тоа што предвидовме дека евентуалното недоговарање за консензуален кандидат може да доведе до политичка криза која нема да овозможи нормално функционирање на Владата и евентуално блокирање на институциите“, рече Османи. Под консензуален кандидат за претседател, ДУИ подразбира кандидат кој ќе ја претставува волјата пред се на двете поголеми етнички заедници, но и на сите граѓани, а во овој опис не го препознава актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов. Османи потенцира дека единствено со ВМРО-ДПМНЕ разговарале за консензуален кандидат и додаде дека се додека не добијат одговор од коалицискиот партнер сметаат оти постои можност за договор.

„Во наредните 20-тина дена, што ни ги овозможуваат законските рокови во Изборниот закон до кога треба да се назначи кандидатот за претседател до ДИК, ќе ги претставиме сите наши аргументи зошто на Македонија сега и е потребен консензуален кандидат“, рече Османи. Тој не прецизираше кои се останатите опции кои му ги нудат на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести