ДУИ нема да признае претседател ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ
Демократската унија за интеграција ќе го оспори легитимитетот на идниот претседател избран без гласовите на албанската етничка заедница, без разлика дали тој ќе дојде како предлог на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ.
Ова го најави лидерот на ДУИ Али Ахмети на средба со британскиот амбасадор Кристофер Ивон.
„Ставот на ДУИ во врска со претседателските избори е многу јасен и врз истиот нема да влијае одлуката на ДПА за предлагање на еден албански кандидат за претседател. Оваа одлука на албанската опозиција ќе остане еден неуспешен обид којшто е во функција на давање на легитимитет за претседателскиот изборен процес“, се наведува во сооштението на ДУИ.
Според партијата, албанскиот народ, со тоа што нема да учествува на претседателските избори, ќе одговори на овој „нечесен обид кој е во функција на повредување на концептот за консензуалност којшто е во корист на Албанците како и на сите граѓани“.
Слично
