Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ молчи за новата организација НОА

ДУИ молчи за новата организација НОА
Демократската унија за интеграција се уште официјално не го коментираше соопштението на таканаречената Национална ослободителна армија (НОА) која презеде одговорност за нападот врз Владата на 28 октомври. Портпаролот на ДУИ Артан Груби, во изјава за порталот Призма, нагласува дека партијата се уште не зазела официјален став и до тогаш нема да се произнесува во јавност. Како главен аргумент на таканаречената НОА за нападот врз Владата се наведува непочитување на Охридскиот рамковен договор и влошена положба на Албанците во Македонија. „Одолговлекувањето на неговото исполнување, пристапот на шовинистичката влада кон Албанците, македонскиот терор на шовинистичката влада допира дури до албанските фамилии, секаде и кога сака, на улици и по училишта. Монтирани случаи, групи хулигани организирани од државни инститиуции, малтретираат фамилии, населби и албански деца. Албанците денеска во Македонија ја живеат ноќта на мразот“, стои во соопштението потпишано од извесен „Куштрими“. На Фејсбук се активни неколку профили кои носат има Национална ослободителна армија (Ushtria Çlirimtare Kombëtare) од кои повеќето се поврзани со дејствувањето на УЧК на Косово, но има и такви кои споделуваат фотографии и пароли од Али Ахмети и други високи функционери на ДУИ. Сепак, нема никаква информација дали овие профили се некако поврзани со новата терористичка организација, која во своето прво соопштение остро ги критикува и албанските претставници во власта. За појавата на организацијата не се огласуваат ниту други политички партии.    
Слично

Поврзани вести