ДУИ: Лавот го има и на грбот на Тирана
Министрите од Демократската унија за интеграција (ДУИ) гласале за предложеното решение за нов државен грб - црвен лав на златна позадина, потврди партијата на Ахмети.
Тоа го објаснуваат со фактот што лавот се наоѓал на грбовите на многу стари и големи албански семејства.
„Лавот е прифатлив да биде во центарот на државниот грб. Прво, затоа што како хералдика е застапен на грбовите на многу стари и големи албански семејства, впрочем, лавот го има и во грбот на градот Тирана. Второ, прифатлива е и круната, бидејќи го одразува старото Скопско кале“, истакнува ДУИ.
До сега спротивставувањето на албанската етничка заедница беше една од главните пречки за промена на државниот грб. Додека најчесто се предлагаа идејни решенија со лавот како централна фигура, албанските партии како единствен симбол кој може да го одразува овој етникум го истакнуваа двоглавиот орел.
За да се изгласа новиот државен грб во Собранието е потребно 2/3 мнозинство.
Слично
