Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ќе го оспори легитимитетот на Иванов ако победи на изборите

ДУИ ќе го оспори легитимитетот на Иванов ако победи на изборите

ДУИ ќе го оспори лигитимитетот кој и да биде избран за претседател на Македонија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето обраќање на Младинскиот форум на ДУИ

-ДУИ е одлучна и останува на идејата за консензуален кандидат, но ако таа не успее, нема да успее ниту нивната идеја да се избере Ѓорге Иванов за легитимен претседател. Од денот кога би се случил неговиот реизбор, па се до истекот на неговиот мандат ние ќе го оспоруваме неговиот легитимитет, вели Ахмети.

Тој нагласи дека иако партијата учествувала на претходните претседателски избори, не добила никогаш претседател, и затоа ДУИ сега нема да понуди свој кандидат.

- Земјата оди напред со нови и големи идеи, независно дали доаѓаат од страна на Албанците или на Македонците, но на овој начин избраниот претседател, кој и да биде, за ДУИ ќе биде нелегитимен, рече Ахмети.

Во однос на паралментарните избори истакна дека немаме време за губење.

- Ќе има избори во Брисел, локални во Грција, што значи тие нема да бидат ангажирани за нашите процеси. Затоа во 2015 година треба да се реши спорот со името, да се интегрираме во НАТО и да добиеме датум за отпочнување на преговорите за влез во ЕУ. Повеќе не смее да се одолговлекуваат овие процеси, бидејќи тоа може да предизвика меѓуетнички конфликти и земјата да се изолира, посочи Ахмети.

Слично

Поврзани вести