Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ќе ги бојкотира претседателските и во вториот круг

ДУИ ќе ги бојкотира претседателските и во вториот круг
На 27 април Албанците во Македонија ќе излезат и ќе гласаат за ДУИ, а ќе апстинираат и нема да го земат гласачкото ливче за претседател, кој е едностран и без договор, најави лидерот на ДУИ Али Ахмети. На пресконференцијата во Мала Речица, ден по првиот круг од изборите, Ахмети нагласи дека тие „не прават политика со двојни стандарди“. „Ние ќе продолжиме да ја промовираме нашата голема идеја. Таа идеја ги надмина границите на една страна и партија и стана идеја на најголем дел од Албанците во Македонија. Ние на ниту еден начин нема да и наштетиме бидејќи таа е многу позначајна од излегување на избори и поддршка на Стево Пендаровски“, рече Ахмети. Според него, неизлегувањето на Албанците на вчерашниот прв круг од изборите ја покажало „силната подршка на една национална, натпартиска идеја дека во земјава се бараат промени и оти оваа земја им припаѓа на сите што живеат на овие простори“. „Ние ќе опстанеме до крај да ја објасниме идејата не само на албанската туку и на македонската јавност и припадниците на другите помали етнички заедници“, рече Ахмети.
Слично

Поврзани вести