ДУИ ќе бара избори, додека не се мрднеме кон ЕУ и НАТО
Предвремени парламентарни избори сега, но доколку продолжи заглавеноста на земјава во НАТО и ЕУ, можно е уште едни вонредни избори да се побараат до крајот на оваа или на почетокот на наредната година, најавува лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Во интервју за Алсат-М, Ахмети најавува дека ако не се откочат евроатлантските интеграции на земјата до крајот на годината, можно е наскоро да следува уште една парламентарна трка.
„Имаме стагнација на евроатланските процеси, немаме помрднување. Сигурно дека од таму ќе почне новиот политички договор во новиот мандат, ако ДУИ победи на избори. Овие се предвремени избори, но ако нема помрднување и напредок, може да има и вонредни избори“, вели Ахмети.
„НАТО има самит во септември. Сакаме напредок, а не разочарување. Каква смисла би имало ако добиеме шеста препорака за започнување на преговорите. Сме добиле пет препораки за датум. Шестата препорака би била очај и невредна“, рече лидерот на ДУИ.
Партијата на Ахмети најави дека ќе поднесе иницијатива за предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските. За иницијативата вечерва расправа и партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, каде треба да заземат став дали и оваа партија ќе ја поддржи иницијативата.
Слично
