Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ќе кампува на местото каде што се гради крстот

ДУИ ќе кампува на местото каде што се гради крстот

Членовите на владејчаката партија ДУИ, го предводеа денешниот протест против изградбата на 55-метарскиот крст во општина Бутел, каде заедно со нивните симпатизери го разурнаа оградениот простор, го затрупаа камен-темелникот и поставија албански знамиња и шатори.

Градоначалникот на Чаир Изет Меџити изјави дека не планираат да се тргнат од местото.

Тој вели дека дека не се работи за политички протест туку било револт против верската поделба, односно како што рече тој, местото на крстовите и минарињата е во верските објекти а не на сред улица.

Пратеникот Артан Груби, министерот за образование Абдулаким Адеми и пратеникот Талат Џафери во моментов на просторот каде што треба да се гради крстот во Бутел, заедно со демонстрантите, на разглас пуштаат народна албанска музика, јави  НОВА.

На протестот се веат албански знамиња и транспаренти на македонски и албански јазик на кои се вели „Политиката подалеку од верата“ и „Ова е клин а не крв“.

Неколку дена пред почетокот на изградбата на крстот, во населбата Топанско Поле во Скопје беше поставен споменик на двоглав орел.

Слично

Поврзани вести