Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ќе бара да се свика Собранието

ДУИ ќе бара да се свика Собранието

ДУИ во наредните денови ќе преземе конкретни активности  за да се свика Собранието.

Ова го најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва на неговиот профил на Фејсбук.

„Посветени сме да најдеме решение според интересите на граѓаните и очекувањата на меѓународната заедница. Решението почнува со брзо свикување на парламентот за што ние ќе преземеме конкретни активности во следните неколку дена за побрзо да се најде решение и да се вратат стабилноста и безбедноста во насока на евроатлантска перспектива. Ги охрабрувам сите политички партии да се приклучат на нашата иницијатива да се вратат во Собранието и да се започне заедничко решавање на кризата“ - напиша Ахмети.

Од ДУИ сметаат дека одржувањето на избори на 5 јуни нема да ја реши политичката криза, туку ќе ја продлабочи.

Слично

Поврзани вести