Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ја почнува кампањата за бојкот на претседателските избори

ДУИ ја почнува кампањата за бојкот на претседателските избори
„Не за едностран претседател“ - под ова мото ДУИ во следните 20 дена ќе ги убедува гласачите да не поддржуваат ниту еден од четворицата кандидати на претстојните претседателски избори. Кампањата започнува од Кичево, а според партискиот портпарол Бујар Османи, целта е да се шири идејата на оваа партија дека земјата треба да добие консензуален претседател. „Ние немаме за цел да му наштетиме некому. Инсистираме и бараме изборот на претседател да се врши во Законодавниот дом. ДУИ ќе биде рамо до рамо со секој Албанец. Но, не за да врши притисок или за да условува и ја отфрламе во оваа прилика секоја шпекулација во овој правец“, рече Османи. Иако ДУИ на овие претседателски избори нема свој кандидат, партијата ќе организира собири и средби со граѓани на кои ќе се обиде да им ги претстави мотивите за оваа кампања.
Слично

Поврзани вести