Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ излегува на протест против крстот во Бутел, за СДСМ и ДПА ова се политички игри!

ДУИ излегува на протест против крстот во Бутел, за СДСМ и ДПА ова се политички игри!

За вечерва во 17 часот е најавен мирен протест од страна на поддржувачите на ДУИ а информацијата ја потврди Градоначалникот на Чаир, Изет Меџети кој исто така ќе биде дел од протестот.

Според Меџети одлуката на општина Бутел имала единствена цел, преку инструментализација на верата за политички цели, да провоцира и произведе етнички тензии и етнички судири во Македонија.

За Мендух Тачи овој протест е провидна политичка игра за добивање на политички поени пред избори. Тој вели дека сите овие проблеми би требало да се решаваат во институциите на системот и тука на пример да донесат одлука албанското знаме да се употреби во Парламентот, а не на улица.

И опозицискиот лидер ги осуди ваквите провокации. Тој апелираше до сите граѓани да не потпаднат на провокации, а на носителите на ваквите одлуки да не прават чекори што ќе предизвикаат провокации кај граѓаните.

„Сакам да испратам порака до граѓаните да не потпаднат под никакви провокации, од било кој. Јавно ги осудувам поделбите и начините со кои се предизвикуваат какви било поделби, по било која основа во Македонија. Најмалку се потребни такви нешта сега. Ова личи само на поттикнување на провокации, да не дозволиме да го изгубиме тоа на кое сите заедно му се радуваме. Само заедно и сплотено можеме да ја градиме нашата иднина во нашата држава“,  појасни Заев.

Слично

Поврзани вести