ДУИ: Инцидентот во Сарај не е поврзан со партиските активности!
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува жалење за петочниот инцидент кој што се случи во кафеана во селото Кондово, општина Сарај, во кој што се повредени 4 лица.
Истовремено, партијата на Ахмети изразува длабоко жалење за начинот на известување и „тенденциозното пренесување на веста за овој инцидент од страна на медиумите во земјата кои што неправедно заклучија дека инцидентот се случил во просториите на ДУИ во Сарај за време на партиски состанок“.
„Во петок, структурите на ДУИ немаа ниту една партиска активност во Сарај, ниту имаше состанок на огранокот на ДУИ во Сарај или кој било од подограноците во овој огранок. Истотака, лицата вклучени во овој инцидент не се дел од избраните структури на огранокот во Сарај ниту во подограноците во респективниот огранок. Овој инцидент, на ниту еден начин не може да се поврзе со изборниот процес во структурите на ДУИ во подограноците и огранокот Сарај“, стои во официјалното соопштение од ДУИ денеска.
Притоа партијата нагласува дека останува партнер на медиумите во земјава, но таа соработка мора да ја има како предуслов општествената одговорност и кај новинарите и медиумите при што треба да се демонстрира професионализам и коректност во извршувањето на работните задачи.
Слично
