Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ со предлог измени на закони со цел да се укине аболицијата

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ со предлог измени на закони со цел да се укине аболицијата

Низа закони поднесоа владејачките партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, кои треба да се донесат во четврток на 102 собраниска седница, по скратена постапка, со цел да се укине аболицијата за 56 лица од претседателот Ѓорге Иванов, но и измени во Законот за заштита на приватноста, заштита на личните податоци, измени на Изборниот законик, како и Законот за општа управна постапка.

Имено, на седницата ќе се рапсрава по Предлог на закон за дополнување на Законот за помилување, Предлог на закон за заштита на приватноста, Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на личните податоци, Предлог на закон за изменување на Изборниот законик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управните спорови, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за  општата управна постапка, сите по скратена постапка и сите поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ. „Целта на Предлог на законот е создавање правна основа за поништување на  помилувањето дадено од Претседателот на Републиката без претходна постапка, во утврден рок без должност за образложение на истата. Со предложениот закон на лицето кое е помилувано му се дава право да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување до Претседателот, при што Претседателот е должен одлуката во утврдениот рок да ја поништи“, се појаснува за првиот предлог за измени на закон. За Законот со кој се утврдува заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, со кој се утврдува забрана за поседување, обработка, јавно објавување на материјалите кои претставуваат повреда на приватноста на личниот и семеен живот. „Со Законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на кој било начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички и други цели и постапки. Предлогот на законот се предлага со цел да се утврди заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година“, стои во текстот на предлогот. Со предложените решенија во Изборниот законик ќе се овозможи Државната изборна комисија (ДИК) да обезбеди електронски пристап до Избирачкиот список согласно со овој законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на овој законик. Имено, тоа значи дека во текстот нема повеќе да стои според  „прописите за заштита на лични податоци“, туку ќе се заменат со зборовите според „овој законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на овој законик“. Работејќи според досегашниот текст на Изборниот законик, Диракцијата за заштита на личните податоци ѝ наложи на ДИК,да го тргне Избирачкиот список од нејзиниот сајт, особено на оние таканаречени фантомски гласачи, заради можноста да се видат сите лични податоци и другите гласачи, кога пребарувањето беше извршувано според адреса. Предлозите за измени на Законот за управните спорови и Законот за  општата управна постапка се однесуваат на решенијата, жалбите и решенијата по жалбите кои се однесуваат на постапката на пријавување на живеалиште.

Слично

Поврзани вести