Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ го честита Рамазан Бајрам со донации за некогашните борци на ОНА

ДУИ го честита Рамазан Бајрам со донации за некогашните борци на ОНА
Лидерот на ДУИ Али Ахмети им го честита празникот Рамазан Бајрам на верниците од исламска вероисповед. „Имам посебна чест во името на сите членови и поддржувачи на ДУИ и во моето лично име, на сите муслимански верници да им честитам по повод големиот празник Рамазан Бајрам, посакувајќи им здравје и благодет покрај нивните семејства. Месецот Рамазан и Рамазан Бајрам не враќаат кај најдобрите човечки вредности на кои силно рефлектираме во текот на месецот на постот и празникот Бајрам. Посакувам овој празник да ве пронајде во радост покрај вашите семејства и да не обедини во мир и подадена рака за меѓусебно разбирање, солидарност и добри дела“, стои во пораката што Ахмети ја упати до верниците.
Традиционално, за време на светиот месец Рамазан, лидерот, функционерите и членовите на ДУИ, не приредуваат ифтар едни на други, но се солидаризираат со семејствата на загинатите борци на Ослободителната Народна Армија, воените инвалиди и сиромашните.
Оваа солидарност се изразува преку собирање на конкретни доброволни финансиски придонеси од сите функционери на Деморатската Унија за Интеграција, со што собраните средства во текот на месецот на постот од Надлежната Комисија се распределени пропорционално на семејствата на загинатите борци, воените инвалиди на ОНА и сиромашните по повод празникот Бајрам.
„Ја користиме оваа можност да им се заблагодариме на сите добронамерни за нивниот придонес, оценувајќи дека оваа традиционална грижа за најдобрите на нацијата претставува морална, национална и верска обврска за сите нас“, соопшти партијата
Слично

Поврзани вести