Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ бара повлекување на одлуката за градење на крст во Бутел

ДУИ бара повлекување на одлуката за градење на крст во Бутел
Над 150 луѓе ноќта ја поминале под шатори во Бутел, со барање да се повлече одлуката за градење на 55 метарски крст. Во населбата денеска е мирно и без провокации. Протести вчера се одржаа  во Бутел предводени од високи партиски функционери на ДУИ.  Дел од нив одржаа говори на албански јазик, во кои образложија зошто протестираат. Тие кажаа дека протестот не е против крстот или Македонците, туку поради мешање на политиката и религијата. Предводени од функционери на ДУИ демонстрантите ја урнаа оградата околу темелите на крстот и поставија шатори. Бараат повлекување на крстот, кој следуваше откако  општина Чаир постави двоглав орел. На протестот немаше партиски, туку албански знамиња. На денот кога беше поставен темелникот на крстот, беше претепан финансиерот и иницијаторот за градењето на крстот, Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес. Против тројца напаѓачи се поднесени кривични пријави за нападот на Петров.  
Слично

Поврзани вести