ДУИ бара од Иванов да ја отповика одлуката за аболиција
Партијата на Али Ахмети бара од претседателот Иванов како потписничка на Скопскиот Договор за излез од политичката криза да ја разгледа уште еднаш одлуката за Аболиција од 13 Април 2016 и да искаже јасна политичка определба за повлекување или поништување на истата.
Горенаведената одлука, како што соопштуваат од ДУИ директно задира во реформскиот процес започнат со политичкиот договор од 2 Јуни 2015 како и Протоколот од 15 Јули 2015 и затоа бараат Иванов да ја разгледа истата и во најкус можен рок да донесе политичка одлука за надминување на ново настаната ситуација како и да се изнајде правен начин за да се реализира горенаведенето барање.
Од Демократската Унија за Интеграција велат дека остануваат посветени на целосната имплементација на Скопскиот Договор и реформската агенда.
