ДУИ бара да се оди во Виена, организаторите да се произнесат за условите на Заев
Од Демократската унија за интеграција остануваат на ставот дека треба да се оди на средбата во Виена, која за в петок ја закажа еврокомесарот Јоханес Хан.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека не сака од Виена да се вратат без договор. Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека нема да оди на преговори во Виена ако не се исполнат два клучни услови, повлекување на одлуката за аболиција и одложување на изборите, со реакција се јави и ДУИ.
„За условите кои денеска ги постави Заев, треба да се произнесат организаторите на средбата“- рече портпаролот на партијата, Артан Груби за НОВА.
Претходно Ахмети, во гостување на емисија на „Телевизија 21“ го потврди своето учество на лидерската средба.
Тој вели дека Договорот од Пржино треба да се потврди и смета дека тој не е мртов.
