Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Духовниот лидер“на про-античките Македонци стана управител на галија на Вардар

„Духовниот лидер“на про-античките Македонци стана управител на галија на Вардар

Ниче Димовски – Македон, познат по делата за поврзаноста на Македонците со мистериите од антиката, особено во периодот на претходната власт, од вчера официјално е нов сопственик на првоизградената галија во реката Вардар, која се наоѓа веднаш до МЕПСО, објавува БИРН.

Бродот почна да работи како ресторан „Ројал Македонија“, но сега е затворен. Ресторанот имаше ентериер во антички стил и специјалитети именувани во духот на времето на Александар Велики.

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во една прилика претходно истакна дека Македон е сопственик во сенка на неподвижната галија.



Слично

Поврзани вести