Духот на Комерцијална банка, по две години, излезе од шишето!
Со промет што е 64 отсто од целиот обем на тргување со акции на Официјален пазар (без блокови), „Комерцијална банка“ во голем стил се врати на пазарот. По големиот трансфер на 1.25 милиони евра во акции во само една транскација во класично и по објавата да добивката од над 8 милиони евра оваа акција оваа акција е во „екстаза“
„Комерцијална банка“ е акцијата што убедливо беше најтргувана хартија од вредност
на домашниот пазар на капитал во првиот месец годинава. Вкупниот промет со таа акција е 101,34 милиони денари и таа направи речиси за 90 милиони денари поголем промет од втората акција со најголем промет во јануари, а тоа е „Алкалоид“. Прометот во класично тргување со таа акција беше 97,46 милиони денари, а во блокови поминаа акции вредни 3,87 милиони денари.
Ценовната маргина во која се тргуваше таа акција во првиот месец годинава изнесува 350 денари, најниската постигната цена е 2.100 денари за акција, а највисоката цена достигна 2.450 денари и тоа се случи на последниот трговски ден во месецот во петокот на 29 јануари. Вкупно беа истргувани 47.150 акции што претставува 2,1 отсто од сите акции на банката.
Што се случи со оваа акција?
Клучни се два моменти заради тоа таа акција овој месец се разбуди од долготрајната летаргија и излезе во убедлива доминација пред најголемиот ривал „Алкалоид“. И двата моменти со таа акција се случија во краток период од еден до друг настан и тоа беше во последните двен недели во месецот. Првиот момент беше кога беа истргувани 35.870 акции на банката по цена од 2.100 денари и тоа во една трансакција на која и претходеше спуштање на пазарната цена на таа акција од 2.300 денари до 2.100 денари. Тоа беше клучниот настан за консолидирање на расположението на инвеститорите кон оваа акција особено сега во услови кога понудата на квалитетни вести е многу мала ако воопшто и може да се каже дека постои.
Од тој момент кога големата количина која направи промет од 75,33 милиони денари повеќе на пазарот на „Комерцијална банка“ ништо не можеше да остане исто. Само во наредниот ден цената на акцијата се врати на линијата од 2.300 денари и во инвеститорската јавност започнаа шпекулациите дека наскоро ќе биде објавен позитивен годишен извештај , а големата истргувана количина се толкуваше како резултат на инсајдерска информација со солидна дивиденда.
Нивото на пазарот се крена на 2.300 денари за акција и повеќе од тоа и се очекуваше денот за објава на годишниот извештај. Банката го објави извештајот на 28 јануари по тргувањето и банката прикажа добивка од 8,25 милиони евра што во споредба со претходните две години е фантастично добар резултат. Очигледно дека ова ги возбуди инвеститорите и тие тргнаа храбро и одлучно во последниот трговски ден во јануари со тоа што цената на акцијата достигна ниво од 2.450 денари за акција што беше и последната пазарна цена, а во едно и највисока односно рекордна цена во период од една трговска година.
Останува да се види дали трендот ќе продолжи, иако во очекување на објава на позитивни вести за поделба на дивиденда може да се очекува дека таа акција ќе има добри денови...
Р.Ф.
Слично
