Дубровник го пречека милионитиот турист - кој е тој?
Дубровник го прими својот милионити гост, а тоа е Мирица Матојиќ од Јасеновац која во саботата со сопругот Златко дошла да одмори во градот.
Градоначалникот Андро Влахушиќ беше среќен што милионитиот гост на Дубровник е домашен турист.
„Среќни сме дека се тоа домашни туристи. Пред осум години имавме пола милион посети и тогаш никој не би рекол дека би го оствариле ова. Ние секоја година имаме раст од над 10%. Огромен придонес за ова имаат семејствата од Дубровник. Хотелите секоја година имаат од 1.8 до 2 милиони ноќевања. Овој август за прв пат се случи да има повеќе ноќевања во приватно сместување отколку во хотели“ - рече тој.
Додава дека демографски имаат помлади гости за разлика од пред десет години и сега Дубровник најчесто го посетуваат луѓе на возраст од 20 до 40 години.
Матојиќ кажа дека ова за неа не е прв пат како доаѓа во градот, но нема да биде и последен. Досега таа три пати била во Дубровник, пред да ја добие титулата за милионити турист.
Во првите 9 месеци оваа година Дубровник има 3.4 милиони ноќевања.
