Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дубаи – нова дестинација за соработка меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати

Дубаи – нова дестинација за соработка меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати
Средба со комерцијалниот директор Atiq Juma Faraj Nasib и претставници од Стопанската-индустриската комора на Дубаи, Обединети Арапски Емирати, денеска одржа бизнис делегацијата на Сојузот на стопански комори. Двете комори се заложија за идна соработка во повеќе сектори меѓу кои – туризам, финансии, трговија и земјоделство. - Дубаи е нова дестинација за можна соработка меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати. Ваква порака испратија првите луѓе на коморите од двете земји по првата официјална бизнис средба. Од Стопанската Комора на Дубаи ги повикаа македонските бизнисмени да понудат проекти за можна соработка и извоз меѓу двете земји, извести ССК.  
Слично

Поврзани вести