Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дубаи го прoдаде своето учество во Лондонската берза

Дубаи го прoдаде своето учество во Лондонската берза

Дубаиската берза го има продадено својот пакет акции од најстарата независна трговска платформа во светот - Лондонската берза на акции, соопшти Bloomberg.

„Borse Dubai“ беше најголемиот акционер, но се ослободи од 60,4 милиони акции, што претставува удел од 17,4%. Се очекува вкупната вредност на трансакцијата да е околу 1,36 милијарди фунти.

Посредници за зделката се „Bank of America Merrill Lynch“, „Barclays“ и „Nomura“. Дубаискиот оператор стекна првично во 2007 година 28% од капиталот на LSE за 14,14 фунти за готово, како дел од комплексна трансакција со американскиот берзански оператор „Nasdaq“, но од 2008 година постепено го скратуваше овој удел.

Цената на акциите на берзата во Лондон се блиски до историски максимум, објаснува претседателот на Одборот на директори на Дубаиската берза Асса Казим. Тој додава дека средствата ќе бидат наменети за корпоративни цели на компанијата.

Слично

Поврзани вести