Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС:Санкциите од ЕУ да бидат само кон корумпираните политичари

ДС:Санкциите од ЕУ да бидат само кон корумпираните политичари

Демократскиот сојуз апелира до ЕУ доколку воведуваат санкции, санкциите да бидат само кон корумпираните политичари кои по име и презиме ги аболираше претседателот, Ѓорге Иванов и тоа за тешки кривични дела и кршење на правата на граѓаните.

„Граѓаните на Македонија без разлика на партиска, етничка или верска припадност, се на нозе, протестираат за правда и владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите. Граѓаните се за европските вредности и немојте за тоа да ги казнувате“- се наведува во апелот на ДС.

Партијата категорично бара повлекување на аболицијата и одлагање на изборите, како основа за разрешување на кризата.

Слично

Поврзани вести