Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС:Партиите да се приклучат на иницијативата за одржување на итна седница на Собранието

ДС:Партиите да се приклучат на иницијативата за одржување на итна седница на Собранието

Демократскиот сојуз ги повикува парламентарните партии кои не доставија листи за пратеници и не учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување на итна седница на Собранието на Република Македонија.

На седницата ќе се донесе одлука за откажување на изборите и да отпочне постапка за одговорност на претседателот, Ѓорге Иванов поради злоупотреба на функцијата.

„Со потписот на 63 пратеници, претседателот Трајко Вељаноски, мора да свика седница со веќе предложениот дневен ред. Наместо да чекаме решенија од странство, ве повикуваме на единство и проактивна акција“- соопшти ДС.

Партијата очекува на постојната иницијатива да се приклучат и независните пратеници, како и пратениците на ДУИ, ДПА и Унитети.

Слично

Поврзани вести