ДС:Одлуката на Уставниот суд е искра надеж
Демократскиот сојуз смета дека, одлуката на Уставниот суд, да ја преиспита уставноста на одлуката за самораспуштање на Парламентот со одложена примена, како и времената мерка за замрзнување на сите изборни активности е победа на правото и правната логика над политиката која води раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваa одлука е само искра надеж дека полека но сигурно ќе се демонтира еднопартиското и авторитарно владеење. Но, патот до изградбата на демократско општество и правна држава е долг и тежок“ - велат од ДС.
Граѓаните бараат промени, правда и мир. Затоа и секојдневно протестираат и нема да престанат се додека не се создадат услови за избори, додаваат од партијата.
Слично
