Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС: Иванов дополнително ја усложнува политичката криза

ДС: Иванов дополнително ја усложнува политичката криза

И од Демократски сојуз се огласија по обраќањето на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Од партијата велат дека Иванов, дополнително ја усложнува политичката криза во Македонија, направи длабока поделба помеѓу граѓаните и партиите, се стави во фунција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи професионално и транспарентно и која над 65% од граѓаните ја поддржуваат.

„Во изминатите месеци стабилноста на државата ниту одвнатре, ниту од надвор не била загрозена, ниту пак имало потреба за средување на внатрешните состојби да ја ангажираме армијата. Напротив и покрај одлуката за аболиција на 56 носители на високи државни и политички функции, граѓаните протестиира против Ѓорге Иванов, против урнисување на Уставниот поредок и владење на правото, но никогаш не ја загрозија Македонија. Тие што протестираат се гарант за силна, унитарна и демократска Република Македонија“ - пишува во реакцијата од ДС.

Од партијата сметаат дека после овој катастрофален и срамен говор, единствена опција е Иванов да се повлечете од функција, за да се создадат услови за избор на претседател на сите граѓани и татко на нацијата.

Слично

Поврзани вести