Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС:Иванов да поднесе оставка затоа што се покажа дека не е претседател на сите граѓани

ДС:Иванов да поднесе оставка затоа што се покажа дека не е претседател на сите граѓани

Демократскиот сојуз бара претседателот, Ѓорге Иванов да поднесе оставка поради тоа што, како што велат се покажа дека не е претседател на сите граѓани на Република Македонија и се стави на страната на владејачката партија, чие раководство е осомничено за злоупотреба на политичките позиции.

Партијата смета дека Ѓоргe Иванов не заслужува да биде носител на функцијата – претседател на Република Македонија и веднаш треба да си поднесе неотповиклива оставка.

„Во своето последно интервју за германскиот весник „Франфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, најотворено се стави на страната на владејачката партија. Говорејќи за причините за длабоката политичка криза во земјата, Иванов за ФАЦ изјавил дека актуелната атмосфера на конфликт ја создало Специјалното јавно обвинителство, затоа што, според него, СЈО гони селективно само луѓе од владејачката партија. Ваквиот став на претседателот на државата, според Демократскиот сојуз, претставува чиста пропаганда и дополнително ја продлабочува кризата во Република Македонија, предизвикувајќи нови поделби меѓу граѓаните“- се наведува во реакцијата на ДС.

Според ДС, уште поскандалозна е неговата изјава дека мафијата не треба да се бара кај владејачката партија, туку кај опозицијата, а директниот повод за секојдневните протести на Шарената револуција, Иванов го објаснува со зборовите: „Затоа што опозицијата не може да победи на избори, сега се труди на поинаков начин да дојде на власт. Тие се комунисти, тие никогаш не го прифатија плурализмот. Сегашната криза не е ништо повеќе од една етапа од стогодишната историја“.

Демократскиот сојуз смета дека со ваквите ставови дадени за странски медиуми, Ѓорге Иванов се стави во улога на, како што вели, дрвен адвокат на ВМРО-ДПМНЕ и не само што отворено го негира Договорот од Пржино, туку и ги зголемува тензиите во Република Македонија.

Слично

Поврзани вести