Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС го охрабрува Иванов да ја повлече аболицијата

ДС го охрабрува Иванов да ја повлече аболицијата

Демократскиот сојуз смета дека политичката состојба се заострува, при што поради отсуство на чувство за одговорност и државност, Ѓорге Иванов, се уште се колеба дали да ја повлече аболицијата или не.

Го охрабруваат  дека во интерес на граѓаните, стабилноста на државата и правдата е да ја повлече аболицијата. Тој потег, заедно со одлагање на изборите, се основа за политички договор и постепено враќање на вербата во правдата, велат од ДС. Партијата предлага и мерки и чекори кои понатаму треба да бидат преземени.

„Избор на експертска влада, поддржана од сите партии, која ќе работи на коренити реформи на правосудниот и безбедносниот систем, како и во медиумите, изборните регулативи (избирачки список, Македонија да биде една изборна единица, електронско гласање и др.), демократизација на партиите и друго. Деблокада на сите државни институции и нивна департизација и деполитизација. Поддршка на СЈО за професионално, стручно, законито и транспарентно работење и формирање на специјализирано судско одделение во рамките на Кривичниот суд во Скопје. Создавање на услови за одговорност на креаторите на политичката криза и донесување на закон за забрана на нивно политичко дејствување. Реформи неопходни за членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ“ - се вели во соопштението од ДС.

Партијата оценува дека доколку и натаму се продолжи со ароганцијата од власта и медиумската манипулација, протестите ќе продолжат, стабилноста ќе се наруши и сето тоа ќе се рефлектира и на економски и безбедносен план. Велат дека на крај сè ќе се прифати, но цената и штетите ќе бидат преголеми.

Слично

Поврзани вести