Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС бара оставка од Иванов, го урниса правниот поредок

ДС бара оставка од Иванов, го урниса правниот поредок

Одлуката за аболиција донесена од претседателот Ѓорге Иванов претставува своевиден државен удар врз Република Македонија, долгорочно го загрози демократскиот развој, перспективите на државата и го урниса правниот поредок, соопштуваат од Демократскиот сојуз.

Според нив, Иванов го погази начелото на презумпција на невиност и со одлуката за аболиција ја потврди одговорноста и вината на сите што ги амнестира без да имаат можност својата евентуална невиност да ја докажат пред суд.

„Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да се обединат, без разлика на нивната партиска, етничка, религиозна или друга припадност и да ја осудат постапката на Ѓорге Иванов. Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните сите заедно да излеземе на масовни, но мирни демонстрации и да протестираме сé додека Ѓорге Иванов не поднесе оставка. Демократскиот сојуз апелира граѓаните да не се конфронтираат меѓу себе и со полицијата.  Демократскиот сојуз предлага да се одржи средба меѓу лидерите на сите парламентарни и вонпарламентарни партии, на која ќе утврди стратегија за излез од кризата. Да се свика Парламентот и во текот на утрешниот ден да одржи вонредна седница, на која ќе започне постапка за импичмент на Ѓорге Иванов и да донесе одлука за суспендирање на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија“ - стои во соопштението од партијата.

ДС инсистира Парламентот да избере експертска Влада со мандат да се справи со кризата и да ја одржи стабилноста на земјата.

Слично

Поврзани вести