Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС бара итна седница и импичмент на Иванов

ДС бара итна седница и импичмент на Иванов

Сите пратеници да отидат на своите работни места во Собранието на Република Македонија заради договор и започнување на постапка за одржување на вонредна седница на Собранието, бараат од Демократскиот сојуз.

Согласно Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието, одржување на вонредна седница можат да побараат 20 пратеници, по што претседателот на Собранието мора да свика седница.

„На седницата Собранието треба да донесе одлука за престанување со важност на одлуката за самораспуштање на Собранието, како и да отпочне постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, кој одлучи да аболицира политичари под сомнение дека фалсификувале избори, направиле грабеж од неколку стотици милиони евра, прислушкувале илјадници граѓани и ги загрозиле перспективите на државата“- бараат од ДС.
ДС го повикува претседателот Иванов да ја поништи одлуката за аболиција и да поднесе оставка.
Слично

Поврзани вести