Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државните резерви сè помали

Државните резерви сè помали

Во првата половина од оваа година, Владата потрошила 243,5 милиони денари од девизните депозити, кои се дел од девизните резерви на Македонија.

За еден месец од девизните депозити биле потрошени 56, 6 милиони евра. Ова го покажува последниот извештај на Народна банка.

На крајот од јули, девизните резерви изнесувале 2,198 милијарди евра и се помали за околу 238 милиони евра од почетокот на годината.

Девизните резерви на владата се полнат со заеми од странски и од меѓународни кредитори како и со девизите прибрани од задолжувањата по пат на еврообврзиците на Македонија на меѓународниот пазар.

Слично

Поврзани вести