Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државните институции да имаат стандард за квалитет во управувањето

Државните институции да имаат стандард за квалитет во управувањето
Во органзиација на Министерството за информатичко општетсво и администрација денеска се одржа конференција на тема „Управување со квалитетот во јавниот сектор - Заедничка рамка за оценка - ЦАФ”, како почетна активност за воведување на европскиот стандард за квалитет во работењето и управувањето на институциите во Македонија, познат како Заедничка рамка за оценка.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска ги повика институциите да достават пријави за спроведување на ЦАФ моделот, што е наменет за органите на државна управа, другите државни органи и единиците на локална самоуправа.

- Заинтересираните институции треба најдоцна до 14 јануари 2013 година, да достават писмо/допис со кое ќе се пријават на јавниот повик и во кое ќе искажат интерес и подготвеност за воведување на ЦАФ моделот во нивниот орган. Пријавите ќе бидат разгледани од посебна комисија во МИОА, рече Арсовска Томовска.

Според неа, една од клучните определби на Владата е токму градење ефикасна, модерна и транспарентна административна служба, која ќе обезбеди висок квалитет во работењето.

Европскиот стандард за квалитет во работењето и управувањето на институциите треба да ги идентификува напредокот и слабостите во институциите, да изнајде начини како да се подобри нејзината работа и да се измери напредокот низ периодични процеси на самооценување.

За спроведување на Заедничката рамка за оценка во Министерството за информатичко општество и администрација на конференцијата говореа државниот секретар Јахи Јахија и Игор Марковски, задолжен за неговата имплементација. Европски искуства за овој модел пред претставниците на државните институции пренесоа Патрик Стаес и Ник Тијс од Европскиот институт за јавна администрација, а за предностите од работењето според ЦАФ моделот зборуваше Хелена Папазоска од Државниот завод за статистика

Слично

Поврзани вести