Државните банки во САД ги зголемуваат дивидендите преку финансиски инженеринг
Најголемите банки во САД како „JP Morgan Chase & Co“ и „Citigroup“ најверојатно ќе добијат одобрение од Федералните резерви за своето барање да го зголемат откупот на акции и дивидендите за оваа година. Инвеститорите сепак не треба да се брзаат да се радуваат, бидејќи овие мерки не се добар показател за подобрување на стабилноста на институциите, а често претставуваат финансиски инженеринг, пишува „Ројтерс“.
Приоритетни акции
Голем дел од средствата за зголемувањето на откупот и дивидендите на банките доаѓаат од издавањето на приоритетни акции, кои обично обезбедуваат редовно плаќање на релативно високите дивиденди. За инвеститорите кои во голема мерка наликуваат на обврзници, од исплатата камати. Од регулаторна гледна точка, сепак привилегираните акции служат за тампон против наредни загуби, една од причините е тоа што за разлика од обврзниците, тие не вклучуваат обврска да се отплаќаат.
Критичарите на оваа практика ја ставаат под сомнение нејзината стабилност, бидејќи во пракса банките плаќаат на едни инвеститори со парите од други инвеститори, при тоа со додадени трошоци. „Издавање на приоритетни акции, за да се финансираат дивидендите за обичните акционери и откуп, е симптом на „зомби банкарство“. Банките би требало да собираат капитал преку добивката од нормално кредитирање и трговија, но во моментов оперативните приходи се ужасни“, предупредува Дејвид Хендлир од независната истражувачка фирма „Viola Risk Advisors“.
Приходите на најголемите банки на „Wall Street“ спаѓаат или стагнираат делумно поради големите судски трошоци поврзани со парични казни и договори во врска со нивните лоши практики. За целиот банкарски систем на САД оперативните приходи во 2014 година достигна 151.15 милијарди долари, што претставува пад од 0,4% во однос на минатата година.
Активностите на банките сепак се целосно во рамките на регулаторните правила. Федералните резерви им дозволуваат на финансиските институции да користат привилегирани акции како дел од сопствениот капитал. Само во „Citigroup“ се издадени приоритетни акции во вредност од 3,7 милијарди долари во 2014 година. Банката веќе објавила планови за издавање на такви акции во вредност за уште 4 милијарди долари оваа година и уште 4 до 6 милијарди до 2019 година.
Според пресметките на аналитичарите во следната година банките ќе сакаат да се зголеми враќањето на акционерите околу 7 милијарди долари. Продажба на приоритетни акции со таква цел, сепак не може да трае до бескрај, без банките да ги подобрат резултатите и значително да ги зголемат капиталните нивоа. Раководствата на големите банки со меѓународен бизнис се свртеа кон привилегираните акции во изминатите години откако најдоа начин да ги исполнат зголемените капитални барања, кои влегуваат на сила во 2019 година.
Висока цена
Минатата година „JP Morgan“ има продадено приоритетни акции во вредност од 8,9 милијарди долари во шест одделни кавртали. Овие акции не се евтини, бидејќи дивидендите за пет од шесте квартали ги надминаа за 6%. Сепак се очекува банката да ја зголеми за 10% дивидентата и да направи откуп за 7.3 милијарди долари оваа година, што претставува раст од 25% во однос на 2014 година. Дивидендите на привилегираните акции се со просек четири процентни повисоки од придонесот кој го плаќаат банките за обврзниците со 10-годишен рок на достасување.
Тоа е оправдано од повисокиот ризик за инвеститорите, бидејќи во случај на банкрот на банката обврзниците се исплаќаат пред привилегираните акции. Привилегираните акции исто така можат да се продаваат само на други инвеститори, освен тоа дивидендите за нив можат да бидат запрени. Инвеститорите сепак се привлечени од придобивката, која е значително повисока од онаа на долгот поради рекордно ниските каматни стапки.
С.В
