Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државниот загубар ОХИС ќе замине во стечај

Државниот загубар ОХИС ќе замине во стечај
Државниот загубар ОХИС ќе оди во стечај, а поранешните вработени губат надеж дека ќе ги добијат заостанатите плати. До Основниот суд во Скопје веќе е поднесена пријава за поведување стечајна постапка. Поранешните вработени од ОХИС и денеска протестираа пред Владата, со барање да им се исплатат  24-те плати.
Заедно со нив денеска протестираа и стечајците од „Треска“ од каде 530 работници бараат обештетување, како и поранешните вработени во „Алумина“.
Бараат државата да го продаде имотот на компаниите и да им ги исплати платите кои им ги должат фирмите. Владата направи 13 неуспешни обиди да го продаде ОХИС.
 
Слично

Поврзани вести