Државниот испит проблемот го решава површински
Дури 86 отсто од 1052 испитаници одговориле дека воведувањето на државниот испит во високото образование ќе го реши проблемот површно, се вели во анкетата што во изминатите пет дена ја спровел интернет порталот „Факултети.мк“.
„Нема да се реши хаосот кој веќе е направен во високото образование. Само на овој начин ке се направи дополнителен трошок, а и соодветно како што иде се во државава,привилигираните,ќе полагаат без никој да ги види и тоа со највисок успех. На овој начин функционира и комјутерското полагање за државен и јавен службеник.“, истакнал еден од испитаниците во анкетата.
Според резултатите на ова истражување најголем дел од испитаниците одговориле со „не“ за воведување на државниот испит на факултетите.
Воведувањето испит за студентите кои се странски државјани од страна на мнозинството анкетирани оценето е како позитивно.
За предлог законот студиски програми од трет циклус на студии да можат да организираат само Универзитетите кои се меѓу првите пет рангирани и високообразовни установи во состав на универзитетите гласаа 60% од испитаниците.
