Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државниот долг на Бугарија 11,3 милијарди евра!

Државниот долг на Бугарија 11,3 милијарди евра!

Државниот долг на Бугарија кон крајот на 2014 година е зголемен на 11,3 милијарди, колку што изнесувал година дена порано, што воглавно е последица на задолжувањата во странство и издавање на домашни државни обврзници, соопштува Бугарското министерство за финансии.

Државниот долг во декември е зголемен и во однос на ноември кога изнесувал 9,6 милијарди евра.

На крајот на декември, домашниот долг изнесувал 4,2 милијарди евра, а надворешниот 7,1 милијарди евра. Година дена порано домашниот долг бил 3,2 милијарди евра, а надворешниот четири милијарди.

Според прелиминарните проценки, државниот долг на крајот на 2014 година изнесувал 27,1 одсто од бруто домашниот производ што е исто така значително повисок отколку на крајот на 2013 кога тоа улество изнесувало 17,9 одсто.

При тоа, учеството на внатрешниот долг на крајот на 2014 изнесувало 10,1 одсто од БДП, а надворешниот 17 одсто, пренесуваат бугарските агенции.

Слично

Поврзани вести