Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државни вработувања за младите во Кавадарци, треба да раѓаат деца!

Државни вработувања за младите во Кавадарци, треба да раѓаат деца!

 Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска им ги врачи решенијата за вработување на неопределено време на 18 наставници од Кавадарци кои досега работеле на определено време.

„Станува збор за млади кадри за кои ова значи економска сигурност. Тие ќе можат да ги развиваат своите семејства и да раѓаат деца. Добронамерно апелирам до повозрасните наставници и професори кои исполнуваат услови за пензија да бидат солидарни и да не поднесуваат барања за продолжување на нивниот работен век, бидејќи многу кадри чекаат за вработување, а вработувањето е едно од најважните прашања во животот, рече Панов.

Како што посочија од општината, последните 3,5 години од времено во неопределено вработување преминале околу 152 наставници во Кавадарци со што во четири училишта се целосно сменети наставниците.

Слично

Поврзани вести