Државни субвенции и за приватно сместување во Охрид?
Иако туристичките работници се жалат на годинешната зезона во Одрид, сепак во општинската каса се слеваат повеќе пари од наплата на туристичка такса.
Како што објави Канал 5 телевизија, заклучно со месец јуни општина Охрид инкасирала над 3 милиони денари или 30% повеќе од лани. Со цел пак да се подобри наплатата и елиминираат затајувачите на задолжителната давачка, се најавува до година субвенционирање на приватното сместување.
„Мислиме дека на тој начин ќе ги мотивираме и самите даватели на услуги да ја плаќаат во целост туристичката такса, да нема прикривање како во минатото. Затоа што повеќе ноќевања ќе бидат пријавени толку поголем ќе биде износот на самата субвенција“, вели за Канал 5 , Ѓоко Апостолов раководител на сектор за туризам и ЛЕР.
Во Охрид за секој за туристичката такса треба да се платат 40 денари дневно, независно дали тој престојува во хотел од висока категорија или е сместен кај приватните издавачи на соби. Иако порано хотелите беа едни од главните затајувачи на туристичка такса, откако започна субвенционирањето тие редовно пријавуваат гости.
Слично
